ПОЧЕТОЦИ НА СОЛАРНИТЕ  ЌЕЛИИ


Почетоците на соларната енергетика започнуваат уште од далечниот 18 век.Интересот за Сонцето и искористувањето на слободната енергија датира од почетокот на 16 век. Големиот научник Леонардо Да Винчи изработил скица за концентриран колектор со централен ресивер на светлост кој би го следел Сонцето. Неговата изработка ја започнал во 1515 год. со која што уште од тога

ш потекнува идејата за концентрирани соларни колектори. 

На швајцарскиот научник Хорас де Сосир се препишува конструкцијата на првиот во светот соларен колектор, кој подоцна е користен од страна на Сер Џон Хершел за подготвување храна во текот на неговата експедиција во Јужна Африк 1830г. Шкотскиот министер Др. Роберт Стирлинг, користел пумпа за вода која била напојувана преко соларна енергија.

Развојот на соларните ќелии започнува во 1839 со истражувањето на францускиот физичар Хенри Бекерел. Тој го пронашол фотонапонскиот ефект додека експериментирал со цврсти електроди во раствор на електролити.

Првата оргинална соларна ќелија се смета дека е изработена 1883 год. од селен како полупроводник со многу тенок слој на злато од страна на Чарлс Фритс. Ова прва пра-соларна ќелија имала ефикасност на претварање енергијата помалку од 1%.  Покасно 1888 -1897 објавени се неколку патенти под наслов “Solar cell“.

Брз развој  на соларните ќелии започнува од 1954 год. кога тројца амерички истражувачи Персон, Фулер и Чаплин ја развиваат монокристалната силициумска соларана ќелија, која била способна да конвертира 4% светлосна енергија од сончевите зраци, а покасно успеале да дојдат до 11%. Ќелијата се состоела од неколку силициумски плочи (големина на жилет) кои ги собирале слободните електрони и ги претварале во електрична енергија. Оваа истражување бил во рамките на развојот на свемирската програм во лабораториите на Bell.