КАРИЕРА


Вработените од ПиКСЕЛ Гроуп секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ја нуди најновата и најсовремената технологија во изнаоѓање на иновативни производи и решенија и тоа во истражувањето, развојот, монтажата, производството, контролата на квалитетот, одржувањето, продажбата, создавање и реализирање на големи проекти.

Токму поради тие причини, во текот на вработувањето им даваме предност на кандидатите кои се спремни и отворени кон нови искуства,  кои се високо мотивирани и истотака спремни своето знаење и способност да го развиваат и применуваат со работење во средина која е единствена во Македонија.