Меѓународни стандарди и сертификати

Високиот квалитет на фотоволтаичните производи на моделот PiK, PiKCELL Group го гарантира со имплементирање на најстрогите меѓународни стандарди. Оваа го прави нашиот бренд PiK да биде конкурентен со сите други познати светски брендови од областа на енергетиката добиена од обновливи извори.

Type Tested Сертификат

Со овој стандард, добиен по низа исполнети барања, спецификации, упатства, карактеристики и резултати кои ги даваат нашите производи, Пиксел гарантира и потврдува дека материјалите и производите се во правец на континуирано исполнување на потребите на клиентот и максимизирање на вредноста на секој еден фотоволтаичен модул произведен во нашата фабрика!

Дополнително, овој сертификат е доказ дека нашите производи ги исполнуваат и сите национални посебности во земјите каде што се извезуваат, но истовремено се прилагодени и кон локалните потреби и барања, за нашите домашни купувачи и партнери.

TYPE TESTED

CE Сертификат

Фотоволтаични модули – PiK произведени од PiKCELL Group го поседуваат CE сертификатот. CE ознаката е изјава на производителот дека производот ги исполнува барањата на важечките директиви на ЕК – Директива (Европската унија).

Повеќе

Потврда за сообразност

Оваа потврда за сообразност се издава врз основа на Ниско Напонска Директива 2014/35/EU за електрична опрема дизајнирана за употреба на одреден напон. Ја потврдува усогласеноста на наведената опрема со барањата и техничките спецификации наведени од директивата во моментот на издавање на овој документ.

 

SGS TUV SAAR Сертификат

Брендираниот модел на серијата на фотоволтаични модули “PiK” се сертифицирани според стандардите на IEC 61215 и IEC 61730. Сертификатот важи за сите модели на серијата PiK фотоволтаични модули вклучувајќи ги сите монокристални и поликристални фотоволтаични модули.

Повеќе

 

ISO Стандарди и сертификати 

PiKCELL Group  го има имплементирано во своето работење меѓународнитe стандарди  ISO  и продолжува успешно да ги спроведува во своето работење.

Повеќе

PiKCELL Group  го има имплементирано во своето работење меѓународнитe стандарди  ISO  и продолжува успешно да ги спроведува во своето работење.

IEC -Меѓународни стандарди

За високиот квалитет на брендот на производи PiK на фотоволтаични модули, PiKCELL Group ги има имплеметирано најстрогите меѓународни стандарди за квалитет на фотоволтаични модули.

EN 61215: 2005

IEC 61730-1: 2016, IDT; EN IEC 61730-1: 2018, IDT

IEC 61730-2: 2004, IDT; EN IEC 61730-2: 2018, IDT

Повеќе