Мисија и визија

Целта на ПИКСЕЛ Гроуп е да го забрза прифаќањето на соларната технологија како предуслов за зачувување на природната средина и да овозможи оддржливо, ефикасно и еколошко снабдување со електрична енергија произведена од сончевата светлина.

Насочени сме кон поттикнување на одржливиот економски развој преку континуирано истражување, вложување и производство на соларни фотоволтаични модули и фотоволтаични термални модули, веруваме во сигурна иднина на растечкото производство на електрична енергија од обновливи извори, а истовремено се грижиме на нашите клиенти да им понудиме производи кои ќе придонесат кон одржливо, економично и профитабилно снабдување со електрична енергија.

Нашите клиенти, деловните партнери и вработените се во центарот на нашето внимание и кон сите без исклучок се грижиме со особена почит, доверба и интегритет. Квалитетот на нашите производи, заштитата на животната средина, стручноста и иновативноста се клучните вредности според кои се водиме во нашето секојдневно работење.